Германскиот претставник Фленсбург ги објави цените на билетите за првиот четврт-финален меч од Лигата на шампионите против Вардар, кој ќе се игра во арената „Фленс“ на 21 април (понеделник) од 19 часот.
Билетите се со цена од 7 до 25 евра, што не е скапо за германски услови. Капацитетот на салата е со 6.300 седишта, а по правилата на ЕХФ за навивачите на Вардар, ако патуваат за Фленсбург, им следуваат околу 600 билети или 10 проценти од капацитетот на салата.
Реваншот во Скопје е закажан на 26 април, но, според информациите од официјалната клупска страница на Фленсбург, можно е да дојде до промена на терминот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.