Вчера наутро, околу 10.15 часот, во зградата на Општина Карпош, И.Т.(28) и С.Ѓ.(31), двајцата од Скопје, го нарушиле јавниот ред и мир со карање, викање, дрско и непристојно однесување, а изврешно е и оштетување на Општината.
И.Т. и С.Ѓ. најпрвин го нарушиле јавниот ред и мир со карање, викање, дрско и непристојно однесување, а потоа С.Ѓ. влегол во Општината и со спреј прскал по ѕидовите.
Откако од обезбедувањето бил спречен во натамошното оштетување, С.Ѓ. со рака скршил стакло од врата, по што се здобил со исеченица. Тој е пренесен во болница за укажување лекарска помош.
Причина за нарушувањето е тоа што биле сопственици на угостителски објекти, лоцирани на подрачјето на Карпош, а од градоначалникот добиле известување за остранување на незаконски поставените тенди.
Случајот е расчистени и на лицата им се дадени платни налози за сторен прекршок од ЗППЈРМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јакимовски: Уште два живота да има Богоев, нема да го постигне мојот успех
-
Богац го продава џипот на Стевчо
-
Општина Кaрпош: Нема услови градинките да работат во две смени, идејата на министерството е нефункционална
-
Oпштина Карпош реагира: Идиотизмот на СДСМ кулминираше, зошто со нож ги сечевте јажињата на лулашките?