| четврток, 6 декември 2018 |

За хероите, на теренот и надвор од него

„Пепси“ денеска ја имаше глобалната премиера на последната еволуција на фудбалската кампања за 2014 година – нова серија на кратки сцени и ТВ-реклама која ги слави фудбалот и музиката, докажувајќи дека моментот е тоа што ќе направите од него.

AGU¦êERO UNIT

Креативата за „моментот“ е предвидена да биде промовирана во речиси 100 држави. Со ѕвездената фудбалска постава за 2014 година на „Пепси“ во главната улога – Робин ван Перси, Давид Луиз, Серхио Рамос, Серхио Агиеро, Џек Вилшир и четирикратниот играч на годината, Лео Меси – видеоспотот ги спојува световите на фудбалот и музиката преку несекојдневната пејачка, композитор и продуцент Жанел Монеи, која ќе изведе ексклузивна, освежена верзија на легендарниот хит на Дејвид Боуви, „Heroes“ – која од денеска ќе биде достапна и на „iTunes“ насекаде низ светот.

MESSI UNIT

 „Пепси“ ја слави страста и енергијата на фудбалските фанови. Ова е прекрасна химна, која нѐ поврзува сите, на улица и на терените, во прославување на моментот – изјави капитанот на аргентинската репрезентација, Лео Меси.

RAMOS UNIT

Како што спортот го обединува светот преку пријателски натпревар, дигиталната бит сензација „Стони“ ги обединува познатите фудбалери, градот Рио и Жанел со прост ритам за да креира страст на која не може да ѝ се одолее. Додека се провлекува низ улиците на Рио, приказната е раскажана преку очите на овој секојдневен херој – докажувајќи дека секој ден може да биде несекојдневен кога живеете за моментот. „Стони“ ги носи фановите низ разнобојно, ритмичко патување, обединувајќи ги музиката, фудбалот и уметноста. Испреплетената приказна завршува со електрична кулминација каде што Стони стапнува на урбан терен исполнет со голем број фанови,  сплотени во спонтан момент на прославување.

RVP UNIT

– Бевме инспирирани од моќта и заедништвото кои спортот и музиката ги даваат на светот. Нашиот план да го доловиме овој дух ја прославува креативната страст на фудбалерите со музиката и како овие две сили нѐ инспирираат да го живееме моментот. Имаме долга историја на соработување со најголемите светски фудбалски таленти за да создадеме прекрасни креативни решенија, кои поттикнуваат дискусии и креираат незаборавни моменти кои ги спојуваат и возбудуваат фудбалските фанови низ целиот свет – изјави Кристин Патрик, глобален маркетиншки директор на „Пепси“.

WILSHERE UNIT

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top