| четврток, 6 декември 2018 |

Шумахер покажува охрабрувачки знаци

Три месеци по тешката несреќа по која светскиот шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, се наоѓа во кома, се појавија вести за здравствената состојба кои даваат повод за надеж.

Менаџерката на Шумахер, Сабине Кем, денеска изјави дека постојат знаци што охрабруваат. Семејството, лекарите и пријателите повторно се оптимисти дека Михаел ќе се разбуди од кома.

Кем ги отфрли тврдењата дека Шумахер веќе не се наоѓа во фаза на будење од вештачката кома и дека моментално е во кома.

Исто така, ги демантираше и гласините на англиските медиуми кои велат дека неговата сопруга вложила 12 милиони за изградба на мала болница во Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top