Претседателот на Република Чешка, Милош Земан за време на официјалната посета на Белград, зборувајќи за Косово рекол дека тоа е држава со силно влијание на мафијата и на дрогата, јавува дописникот на МИА од Тирана, повикувајќи се на албанските медиуми.
– Во моментов уште еднаш се повторува ОВК. Тоа е аргумент дека Косово, кое не е признато од многу држави, е една чудна земја. Косово е една држава со силно влијание на мафијата и на дрогата – изјавил Земан.
Според него, формирањето вооружени сили на Косово не е ништо повеќе туку единствено повторно вооружување на ОВК, која носи одговорност и за многу терористички акти.
– Бидејќи ОВК за време на војната во Југославија изврши серија терористички акти, се плашам дека независната војска на Косово нема да биде ништо друго туку вооружена ОВК – изјвил Земан, додавајќи дека дел од мировниот договор било и распуштање на ОВК.
Албанските медиуми што ја пренесуваат изјавата на Земан, истата ја оценуваат како скандалозна, од која јавноста останала вчудовидена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации