| четврток, 6 декември 2018 |

Ведро со температура до 23 степени

soncevo

По слабо изразената локална нестабилност во среда, четврток ни го враќа претежно ведрото време. Многу повеќе сонце отколку облаци нè очекува во овој ден. Ќе дува претежно слаб ветер од југоисточен правец.

Според метеопро.мк, дневниот максимум ќе биде во дијапазонот меѓу 19 Целзиусови степени и 22 Целзиусови степени во поголем дел од населените места, а на југоисток околу 23 Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува претежно сончево време. Во текот на денот ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе има вредност околу 4 Целзиусови степени, а максималната околу 22 Целзиусови степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top