Две момчиња на 15-годишна возраст вечерва се нападнати со нож во скопската населба Железара.
И покрај првичните информации, според кои децата биле осмоодделенци, тие биле ученици во средното училиште „Панче Арсовски“ во населбата Автокоманда.
Едното момче има тешка повреда на стомакот, а другото има сериозна исеченица на едната нога.
И двете се примени во Ургентниот центар каде што се сместени на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).
Вечерва се врши оперативен зафат на момчето кое било прободено во пределот на стомакот.
До инцидентот дошло кај објектот на „Тинекс“ во населбата Железара кога засега две непознати повозрасни лица вооружени со ножеви се судриле со група малолетници, при што тешко ги раниле двете момчиња.
На овој инцидент му претходел уште еден инцидент, во кој било претепано 12-годишно момче од истата населба.
Полицијата е во потрага по двајцата напаѓачи, а неофицијални информации говорат дека на информативен разговор се повикани десетина лица, дел од нив членови на една навивачката група.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?


