
Северна Кореја ќе осуди на смрт 200 високи службеници, лојални на заменик претседателот на Националниот комитет за одбрана Јанг Сонг-таек, кој беше егзекутиран во декември, пишува денеска јужнокорејскиот весник „Чосон илбо“.
По егзекуцијата на Јанг Сонг-таек, Комитетот за државна безбедност организира операции, во кои беа „утврдени 200 главни негови приврзаници и илјада следбеници“, изјави извор на весникот.
Според истиот извор Врховниот суд на Северна Кореја му дозволил на Комитетот да спроведе судски процеси зад затворени врати, за време на кои ќе бидат извршени смртните пресуди врз приврзаниците на Јанг Сонг-таек.
Околу илјада членови на нивните семејства, обвинети за соучество, ќе бидат испратени во работни логори, без претхдно да бидат изведени пред суд.
На смрт ќе бидат осудени 200 службеници од редовите на Работничката партија, Владата и армијата, кои добивале наредби директно од Јанг Сонг-таек.
Егзекуциите ќе бидат извршени на стрелиштето на воената академија „Кан Кон“ во присуство на високи партиски функционери, владини службеници и воени команданти.
Тетинот на севернокорјскиот лидер Ким-Џонг-ун, Јанг Сонг-таек беше исклучен од партијата и егзекутиран во декември, под обвинение за антидржавна и антипартиска дејсност и подготовка на државен удар. Тој се сметаше за втор човек во државата, одговорен за економскиот развој на Северна Кореја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


