| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК ги потврди сите пратенички листи

dik2014 (11)

Државната изборна комисија на вечерашната седница ги утврди и четирите листи за кандидати за пратеници на СДСМ и листите на Социјадемократската партија на Македонија.

Овие две партии до ДИК во рок од 48 часа ги доставија сите неопходни документи за утврдување на нивните кандидатски листи.

Со ова, Комисијата ги утврди сите 14 поднесени листи за пратеници на пет коалиции и партиите за претстојните предвремени парламентарни избори закажани за 27 април.

Утре напладне во ДИК ќе се одржи жребување за редоследот на листите за кандидати за пратеници на избирачкото ливче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top