Стевчо Јакимовски, претседател на партијата ГРОМ и градоначалник на скопската општина Карпош избегнал тепачка, кога максирани лица претпладнево со палки сакале да се пресметаат со него, пишува порталот „Прес 24“. Тие пристигнале со автомобил пред основното училиште „Лазо Трпоски“ во Карпош 3, каде што привремено се наоѓаат канцелариите на општината.
Општинското обезбедување се обидело да ги спречи па дошло до инцидент на влезот на општинската барака. Насилниците биле решени да го пробијат обезбедувањето па успеале да го скршат и стаклото од влезната врата. Кога стигнале во ходникот непосредно пред канцеларијата на градоначалникот извадиле црн спреј и ставиле потпис на ѕидовите и на скапата уметничка слика. Пред да успеат да стигнат до врата на првиот човек на ГРОМ интервенирала полицијата и успеала да ги приведе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.