– Имав можност да посетам многу села и да се сретнем со многу луѓе. Сите ми се жалеа дека тешко живеат. Каде нема вода, каде нема пат и тутунот не можат да го продадат. Затоа, ако ја добијам вашата доверба, овие проблеми, кои ги создаде Али Ахмети, ќе ги снема – изјави Илијаз Халими, кандидат за претседател на ДПА.
Тој се обврза, доколку стане претседател дека ќе обезбеди перспектива за младите и сигурна иднина.
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи остро ги критикуваше политичките опоненти од ДУИ за состојбите во земјава.
– Ги оставија луѓето без улици, канализации, вода, без перспектива. Лажат дека го официјализираа албанскиот јазик, бидејќи за таа работа потребни се 440 милиони евра, а тоа се пари, кои ни на сон нема да ги видат – изјави Тачи.
Зборувајќи за важноста на претстојните избори, лидерот на ДПА ја побара поддршката, бидејќи како што рече, со тоа пола работа ќе биде завршена и ќе стане идниот потпретседател на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.