Славната српска писателка, драматург, колумнист, модна икона и дизајнер Исидора Бјелица на првиот ден на Саемот на книгата на 8 април (18 ч) ќе биде гостин на штандот на издавачката куќа „Три“. Гостувањето е по повод објавувањето на последната книга „Спас“ на македонски јазик, а во издание на „Три“. Kнигата досега беше продадена во 200.000 примероци во сите земји.
– Ова гостување е многу повеќе од само промоција на „Спас“. Тоа е споделување на најинтимната и најболна тајна, на патешествието, страдањето и на исцелувањето. На средбата со смртта и на одлучноста да не се предаде. На душевниот аџилак и на аџилакот низ светот за да се најде спасоносниот лек. И конечно, да се сподели тајната на оздравувањето – велат од „Три“.
Бјелица (1967) е можеби најпродуктивниот писател на Балканот. Досега има напишано 60-ина книги, а годишно издава и по три романи. Режирала неколку драмски престави и еден долгометражен филм. Автор е и на повеќе радиоемисии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.