Денеска, на градскиот плоштад во Крива Паланка претседателскиот кандидат Стево Пендаровски зборуваше за телевизиски дуел помеѓу него и кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Ѓорге Иванов. Тој рече дека ако сака на дуел може да дојде и премиерот Никола Груевски со 4 министри.
Немам намера да потпишувам закони кои што важат за една група на граѓани. За мене не постојат две категории на граѓани исто како што не постојат две македонии. Во мојот мандат ќе се донесе закон за стечајни работници и тој ќе важи подеднакво за сите стечајци без исклучок – потенцираше Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.