-Ние знаеме како се чува и како се гради Македонија, работевме напорно, и градоначалниците и министрите и јас, и затоа нашите успеси се евидентни. Секаде каде што одиме гледаме како се градат патишта, училишта, гледаме како многу млади кои сакале да ја напуштат Македонија остануваат тука, гледаме како нивните родители имаат работа, пензионерите како уживаат во нивната старост, гледаме како се обработува земјиштето, лозарите со нивните нивните нови насади, гледаме како успева Македонија, успева затоа што сме единствени и знаеме што сакаме, сакаме Македонија да успее – изјави претседателот Ѓогре Иванов во Македонска Каменица каде што ја промовира својата програма во изборната кампња. Тој се кандидира за втор претседателски мандат, како кандидат на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
Иванов пред граѓаните на Македонска Каменица, потенцираше дека и тој самиот произлегува од земјоделско и работничко семејство и дека знае колку е тешко да се успее.
-Наша стратешка цел е да бидеме во НАТО и ЕУ и таму напорно работиме и покрај сите блокади и за тоа добивме 5 позитивни извештаци за сите реформи кои ги спроведовме и за и сите закони кои ги донесовме, и 5 препораки, но знеме кој е проблемот. Ние немаме проблеми со нашиот јужен сосед, бидејќи ние знаеме кои сме, рече Иванов пред граѓаните на Македонска Каменица.
Посочи дека Македонија учествува со најголем процент на војници од земјите кои имаат удел во НАТО, по број на жители, додавајќи дека македонските војници се наградувани секаде.
-Во овие 5 години бевме постојано на сите меѓународни настани, меѓународни конференции каде учествуваат сите земји, на сите регионални самити. Се среќавав со многу светски лидери да ја кажам вистината за Македонија. Во изминатите 5 години остварив преку 450 средби со други државници, а и Македонија ја посетуваа поддржувачите и пријателите, истакна Иванов од говорницата во Македонска Каменица.
Тој посочи дека каде и да одел обезбедувал политичка поддршка за сите проекти кои ги правеше Владата за да може Македонија да успее, да се создадат нови работини местаи да расте економијата.
-Кога работиме тимски и успсите се евидентни, тоа го кажуваат и потврдуваат и меѓународните институции, кажуваат дека Македонија напредува и тоа во услови на економска криза, рече Иванов.
Успеси, како што посочи Иванов, постигнуваат и македонските спортисити кои победуваат и не прават горди, како и македонските уметници, пејачи и научници.
Иванов нагласи дека во Македонија се почитува трудот и умот, а тоа како што посочи, е земја со европски стандарди, која расте во височина.
-Во секое населено место се обновуваат патишата, се гардат училишта, болници, секаде нешто се работи, тоа е кога имаме заеднича работа со локалната власт, истакна Иванов.
Пред граѓаните на Македонска Каменица Иванов рече дека со чист образ повторно ја бара довербата од нив.
-Пред 5 години кажав дека ќе ме препознаете по моите принципи-чесен, искрен и вреден. По 5 години во кажувам дека сум истиот, дека политиката не ме промени и со чист образ повторно ја барам довербата од вас, рече Иванов.
Тој пред граѓаните порача да продолжиме да ја градиме Македонија успешна и достоинствена.
-Тоа го парвиме затоа што знаме каде одиме и како да ги оствариме нашите цели. Тоа го правиме затоа што изборот ни е Македонија, државата ни е пре се, Македонија ни е пред се, порача Иванов од Македонска Каменица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)