| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар гостин на Фленсбург на 21 април, реваншот е пет дена подоцна

Македонскиот шампион Вардар ќе гостува понеделнички, на 21 април, во Германија кај Фленсбург во првиот четврт-финален дуел од Лигата на шампионите, а реваншот ќе се игра во Скопје на 26 април.

Првиот меч е во невообичаен термин иако во овој циклус имаше натпревари и во понеделник. Тој меч ќе почне од 19 часот, а реваншот 5 дена подоцна ќе стартува два часа порано, од 17 часот.

Металург ќе има поголем простор да одмори меѓу двата меча, а четврт-финалниот двобој со Кил ќе го почне во „Борис Трајковски“ во Скопје на 19 април, сабота, од 18.30 часот.

Возвратниот дуел ќе се игра последен во четврт-финалната програма, в недела, на 27 април од 14.15 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top