Словачката тенисерка Јана Чепелова приреди вистинска сензација со победа против Серена Вилијамс во Чарлстон. На стартот на популарниот „Фемили сркл куп“ 78-рангираната светска тенисерка славеше со 6-4, 6-4 и ја прекина серијата од 15 победи на Американката.
Серена има три титули во Чарлстон, турнир што се игра на уникатна земјена подлога со зелена боја, но овојпат падна уште во првата рунда.
– Навистина сум преморена. Ми треба неколку недели одмор без тенис за да продолжам да играм добро на турнирите. Не знаев ништо за Чепелова, но таа одигра навистина добро. Успешно ми контрираше на секој удар и заслужено победи – изјави 32-годишната Вилијамс. Една од најтрофејните тенисерки претходно го освои турнирот од мастерс серијата во Мајами, за 59. титула во кариерата.
За Чепелова ова е најголем успех во кариерата, а победата над најдоброрангираната на светот ѝ е прв успех во дуелите со тенисерки што се рангирани во топ 10.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.