Металург и Кил првиот четврт-финален натпревар ќе го одиграат в сабота на 19 април, со почеток во 18.30 часот.
Ова беше решенo откако ЕХФ го прифати предлогот на Металург и на телевизијата „Алфа“ за терминот за средбата меѓу Металург и Кил.
Пристигна и предлогот на екипата на Кил, која реваншната средба ја планира в недела, 27 април, со почеток во 14.15 часот, но официјална потврда се чека во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.