Русија располага со сите неопходни сили долж границата со Украина доколку одлучи да интервенира во оваа земја, а својата цел може да ја постигне за три до пет дена, изјави денеска главниот командант на здружените вооружени сили на НАТО во Европа, генерал Филип Брејдлав.
Оценувајќи ја ситуацијата на границата како „исклучително загрижувачка“, Брејдлав истакна дека алијансата синоќа добила сигнали за раздвижување на мал дел од руските сили, но оти нема индикации дека тие се враќаат во своите бази.
– Тоа се многу големи, способни и подготвени сили – нагласи генералот.
Според него, тоа значи дека Русија има сѐ што е потребно за успешна интервенција во Украина.
– Сметаме дека тие се подготвени да тргнат и можат да ја постигнат целта во рок од три до пет дена, доколку добијат инструкции да го направат тоа – истакна Брејдлав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Метју Палмер во Сараево: Македонија може да стане членка на НАТО до средината на 2020 година
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Русија има подготвен одговор ако САД постават база во Полска
-
Пендаровски: Од јануари очекувам да бидеме на иста маса со НАТО