| четврток, 6 декември 2018 |

Наташа Беквалац на местото од Емина Јаховиќ на „Икс-фактор“

Наташа Беквалац во новата сезона на музичкото шоу „Икс-фактор“, најверојатно, ќе ја замени Емина Јаховиќ.

Иако продуцентите и организаторите сѐ уште не откриле детали за новата сезона, медиумите шпекулираат дека српската пејачка Беквалац ќе ја замени Емина.

– Сѐ е можно – рече музичкиот продуцент на „Икс-фактор“, Мирко Вукомановиќ, за „Блиц“. Таа е наша колешка и веќе беше гостинка во првата сезона.

– Имаше таков предлог, но ништо не е сигурно. Секако дека би сакала да бидам дел од такво шоу – вели Наташа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top