Ниту еден од кандидатите на поднесените 14 листи за пратеници за претстојните предвремени парламентарни избори не бил соработник на тајните служби.
Како што информираат од Комисијата за верификација на фактите, според податоците добиени од УБК, Државниот архив, Агенцијата за разузнавање и Службата за разузнавање при Министерството за одбрана, во нивната евиденција не е пронајден ниту еден кандидат кој соработувал со тајните служби.
Од вкупно 1.402 кандидати на 14-те листи, сега се проверени 850, додека останатите 552 претходно биле проверувани.
Портпаролот на Комисијата, Предраг Димитровски, за МИА вели дека членовите на Лустрациска имаат законски можности да покренат постапка доколку во иднина некој од кандидатите биде пронајден во други документи што ќе бидат предмет на обработка, но посочува дека за тоа шансите се мали имајќи предвид дека поголем број од кандидатите се млади лица или на возраст кога не би можеле да бидат соработници со тогашните тајни служби.
Лустрациска во текот на денот ќе достави до Државната изборна комисија известување дека меѓу кандидатите нема соработници со тајните служби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ до Собранието доставија предлог за формирање Анкетна комисија
-
Граѓанин вербално ги нападна Стојаноски, Лазаревска и Тунтев, интервенираше полицијата (видео)
-
Пратениците ќе добијат уште една бенефиција: Пратеник што ќе изнајми стан во Скопје добива 400 евра



