ПС Струга поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела дела тешка кражба на дрзок начин и одземање на патничко моторно возило, поднесе кривична пријава против полските државјани С.Ј.(23) и Ф.Д.Б.(20).
На 29 март годинава пријавените во Скопје бесправно одзеле патничко моторно возило „опел кадет“ кое го забележале паркирано и необезбедено при што со истото се упатиле кон Охрид.
Два дена подоцна, на 31 март, истите кај манастирскиот комплекс во Калишта, од повозрасен жител на Струга одзеле кожна јакна со 800 денари, еден мобилен телефон марка „самсунг“ и лични документи.
По извршен претрес во апартманот во Охрид каде двајцата полски државјани биле привремено сместени, пронајдени се поголема количина на разни клешти, штрафцигери, алат за сечење стакло, „француски“ клучеви и друг подесен алат.
На двајцата одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.