| четврток, 6 декември 2018 |

За 600 денари многу поедноставен живот

raskinuvanje vrskaПолјаци кои имаат трема или оние кои настојуваат да избегнат да соопштат некому нешто во непријатни животни ситуации – развод на брак или прекинување врска со момче/девојка – сега веќе не мораат бидејќи за 10 евра тоа за нив ќе го направи агенцијата „Наместо тебе“ (ZaCiebe.com).

– Мачни разговори не можат да се избегнат – дозволи ни нам тоа да го направиме наместо тебе, е рекламата на агенцијата од Жесов од југ во Полска.

133534994

– Можеби звучи како парола, но човекот е на прво место. Квалитетот на соопштувањето и услугата мора да биде на највисоко ниво, изјави Аркадиуш Ковал, сопственик на агенцијата.

За осмислување нарачано соопштение, „Наместо тебе“ ангажира психолог. Ковал верува дека новата услуга ќе има голем успех на пазарот. Во агенцијата работат шест луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top