Најбројната етничка група на мигранти кои живеат во Велика Британија повеќе не се Индусите туку Полјаците, покажуваат најновите податоци на британското Национално биро за статистика. Во 2015 година, во земјата живееле 831 илјада Полјаци, што е за 750 илјади повеќе, отколку во 2004 година, кога Полска, заедно со уште седум други држави од Источна Европа, стана членка на ЕУ.
Досега , традиционално, Индусите и државјаните на Република Ирска беа најбројната странска миграциска етничка заедница.
Податоците откриваат дека вкупната нето миграција во Британија достигнала 327 илјади дојденци, што рекорд досега, за една година.
Статистички, бројот на Полјаците и државјаните од седумте други некогашни комунистички земји (Унгарија, Чешка, Словачка, трите балтички држави и Словенија) се намалува, како што опаѓа и бројот на оние кои се населуваат во Британија, но сега расте бројот на државјаните и носителите на пасошите од Бугарија и Романија.
Работата е главната причина зашто мигрантите од овие балкански држави, како и од целиот Исток, доаѓаат во Британија, а потоа е студирањето, иако бројот на оние кои доаѓаат на студии во земјата, значително е намален во периодот меѓу 2014 и 2015 година.
Продолжува да се зголемува и бројот на вкупното насеение во Британија, како на оние кои не се родени во земјата, така и на лугето кои не се Британци.
Најновите сознанија за структурата на населението откриваат дека 13,3 отсто од луѓето кои сега живеат во земјата, се родени во странство. Во 2004 година тој процент изнесувал 8,9 отсто.
Лондон е со најголем процент на население, родено во странство и изнесува дури 37 отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.