Српската полиција синоќа го привела глумецот Петар Стругар поради сомневање дека го претепал таксистот Јован Станојевиќ.
Како што пренесува српскиот портал „Ало“ Станојевиќ завршил на Ургентен центар каде му биле констатирани лесни телесни повреди, а Стругар заработил пријава за нарушување на јавниот ред и мир.
Кој бил мотивот за тепачката се уште е непознато. Според очевидците Стругар по кратка расправа неколку пати со бокс го удрил таксистот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.