На натпреварот со Хамбург репрезентативниот пикер Стојанче Стоилов заработи повреда на коленото, која ќе го оддалечи еден месец од терените.
Тоа значи дека Стоилов нема да биде во можност да им помогне на своите клупски другари од Вардар во двомечот со Фленсбург во рамките од четврт-финалето од Лигата на шампионите.
– Повредата е посериозна од што мислев. Ќе мора да паузирам еден месец и потоа повторно на прегледи за да се утврди состојбата на коленото. Сите во клубот посакувавме ваков исход од ждрепката во Виена. Ни се падна клубот штонајмногу ни одговара. Иако станува збор за германски тим, се надевам дека ќе одиграме квалитетно како и на мечот со Хамбург и заслужено ќе се плаираме на завршниот турнир – изјави Стоилов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.