Косовец извршил самоубиствен напад во Ирак во кој загинале 52 ирачки војници, пренесув Танјуг.
Како што пишува агенцијата повикувајќи се на косовски медиуми, станува збор за Блерим Демири од градот Урошевац и ова е прв самоубиствен напад на косовски државјанин.
Информацијата за овој терористички чин била објавена првично од страна на Исламската фондација за поддршка и информирање. Демири наводно бил член на ова организација. Косовецот според истите извори во арапските земји се водел под името Абу Хабиб ал Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.