Министерот за здравство и член на ИК на ВМРО-ДОМНЕ, НиколаТодоров денес на митингот во Виница им се обрати на граѓаните кои масовно излегоа за да го поддржат актуениот и кандидат за претседател, Ѓорге Иванов.
Во својот говор, министерот Тодоров истакна дека на овие избори победува Ѓорге Иванов, сегашниот и идниот претседател на Република Македонија, победуваат реформите, делата, чесните политики, трудот и љубовта кон татковината.
-На овие избори победуваат луѓето кои донесоа политики како што се субвенции за земјоделците, намалени партиципации во образованието, како што се бесплатни учебници за основно и средно образование, бесплатен превоз, лабаратории, универзитет во источна Макеоднија, дисперзирани студии во најголем дел од Република Македонија, истакна министерот Тодоров.
Тоа се политики, додаде тој, кои значат инвестиции во здравството, изградба на најсовремени болници, како болницата во Штип, реконструкција на здравстевниот дом во Виница, набавка на најсовремена апаратура, како и едукација на докторите во најсовремените установи во Европа и САД.
Никола Тодоров потенцираше дека како алтернатива на политиките на владејачката партија се нудат оние кои ги затвориле фабриките во Македонија.
– Се нудат луѓето кои го избркаа Ауди од Македонија. Се нудат како алтернатива на оние кои што ги донесоа Џонсон Контролс, Џонсон Мети, Дрекслер Мајер во Кавадарци, истакна Тодоров и додаде дека тие луѓе не се алтернатива.
Тодоров, изјави дека на овие избори уште една работа е важна.
-Една политичка партија, ДУИ, оди со кампања, јавно со билборди спотови, дека не треба да се избере претседател на Република Македонија. Да бидеме една единствена земја која што нема да може на легитимен начин да избере претседател на сите граѓани. Во демократија, почитувани граѓани на Виница, еднистевниот одговор на тоа е, што е можно помасовно да се поддржи партијата што победува, да се поддржи ВМРО-ДПМНЕ и да се поддржи претседателот на Република Македонија, Др. Ѓорге Иванов, им порача Тодорв на граѓаните од Виница.
Тој потенцираше дека не смее да се дозволи да се редефинира уставниот предок на Макеоднија и на демократски начин да се спречи тоа, а дека гласот на граѓаните е најзначаен. Додаде и дека гласот за Ѓорге Иванов на 13-ти и на 27-април, ќе донесе продолжување на просперитетот, ќе донесе продолжување на проектите и отворање на нови работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.