Добредојдовте, добри сме иако порано подобро живеевме пред години. Вие кога ќе станете претседател ќе бидеме уште подобро. Вака беше пречекан Стево Пендаровски од жителите на Русиново.
– Мило ми е што ве гледам во голем во голем број и млади и стари. Тоа значи дека сите заедно веруваме дека ова е вистинскиот концепт за враќање на Македонија на нормален колосек, рече претседателскиот кандидат Стево Пендаровски на средбата.
– Дојдов овде да ве видам, да ви ја кажам мојата визија за една подобра, поинаква Македонија. Еве, денеска е 1-ви април ама јас ќе ја говорам вистината. Тоа најдобро го знам. Ги нема К-15 да прават скечеви, ама затоа ВМРО-ДПМНЕ прави поголеми скечеви од нив. Само што нивните не не засмејуваат, туку растажуваат и исмејуваат. Да си ја завршиме работата ние самите на 13-ти април бидејќи друго чаре немаме. Со оваа власт дното го изгуби своето дно, истакна Пендаровски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.