СДСМ во последен момент ги спасувала предложените листи до ДИК. Во СДСМ постои масовно одбивање на предложените кандидати да се најдат на листите со образложение дека не сакаат да бидат искористени како алиби на постојното раковоство за пораз.
Потврда за хаосот што се случувал во партијата е тоа што СДСМ поднела некомплетирани документации за листите и до последен момент го користи рокот од 48 часа за досредување на законски потребната документација.
Членовите на ДИК, па дури и самиот Рилковски укажал дека СДСМ треба да достави уверенија за неосудуваност за кандидатот под реден број 16 во третата изборна единица, и исти такви документи за носителите на листите во изборните единици четири, осум и девет.
На дел од листите недостигале и потписи и други информации потребни за обработка на листите што говори за хаосот и масовното одбивање на членовите да се најдат на кандидатските листи на СДСМ. Претходно СДСМ смени 17 лица од листите што претходно ги објави.
Инаку, познато е дека и Митре Велјановски и Нано Ружин беа меѓу првите што се откажаа од трката за пратеник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.