Најголемата софтверска компанија во Македонија, „Сивус“, го продолжува својот раст, воден од зголемениот обем на работа и влезот во нови сегменти од ИТ индустријата.
Насочени кон отворање нови канцеларии во поширокиот регион на југоисточна Европа во јануари и февруари годинава, „Сивус“ отвори две нови канцеларии, во Охрид, Македонија и во Крагуевац, Србија.
Преку инвестирањето и отвoрањето нови канцеларии во земјава, компанијата инвестира во развојот на локалните ИТ таленти помагајќи им да се придружат кон тимот кој постојано се стреми кон иновации и секојдневно бележи раст.
Водени од желбата за поголем развој на оваа индустрија во Македонија, компанијата вложува во отвoрање канцеларии надвор од Скопје, во градови во кои верува дека постои вистински потенцијал на ИТ кадри.
Со тоа „Сивус“ придонесува и за развој на помалите градови преку отвoрање нови работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.