Шведската владина организација „Кластер 55“ оваа недела во Скопје официјално го прогласи Игор Лештар, генералниот директор на „Сивус“ (Seavus) за амбасадор за Балканот. Организацијата последните десет години во светот успешно ги поврзува светските ИТ компании во улога на стратешки фасцилитор за развој и меѓународно вмрежување. На официјалното прогласување беше потпишан и договор преку кој странските пазари ќе станат многу подостапни за компании од ИТ индустријата од Македонија и Балканот.
– Потпишувањето на овој договор на регионалните компании ќе им овозможи поцентрализирано и полесно интегрирање со светскиот пазар. Овој договор претставува значаен напредок во процесот на паралелизирање на развојниот курс на ИТ индустријата од Македонија и регионот со динамиката на развој на светските компании од истата индустрија. Привилегија, но и одговорност е да се добие титулата амбасадор за Балканот преку која верувам дека повеќе страни ќе имаат големи придобивки – изјави Лештар при потпишувањето на договорот за соработка.
Моделот на договорот им овозможува на компаниите брз пристап до информации и контакти до сите ИТ светски здруженија, повисоко ниво на соработка, размена на идеи, искуства и бизнис вмрежување. Според Филип Станковски, проектен менаџер на шведскиот „Кластер 55“, логиката на функционирање на овој модел е едноставна и се базира на традиционалната солидарност и довербата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судбината на Македонија ќе се запечати во шатор: Следете го во живо велепредавството на квинслишката влада на Република Македонија
-
Украина и ОАЕ потпишаа договор за соработка во воена област
-
„Гентерм“ ќе ги потпише договорите за инвестицијата во Македонија
-
Грчката влада нема да потпише нов меморандум