| четврток, 6 декември 2018 |

Факултетот за информатика и „Сивус“ ќе соработуваат

Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ и Сеавус едукативен и развоен центар (СЕДЦ) потпишаа Меморандум за соработка

seavus-1350549743_600

Оваа соработка се заснова на размена на искуства и знаења, поттикнување и продлабочување на образовната, практичната, научната и техничката соработка во областа на информатичките науки и компјутерското инженерство.

– Целта на овој меморандум е официјализирање на соработката меѓу Универзитетот и СЕДЦ на стручни и научни проекти од интерес на двете страни, заемно учество во работилници, професионални и академски средби, имплементација на практикантска програма за студенти, презентација на практични искуства, како и унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности од областа на информатичките науки и компјутерското инжeнерство од страна на потписниците – стои во соопштението.

Меморандумот го потпишаа проректорот за финансии на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, проф. д-р Братислав Станковиќ, и генералниот менаџер на Едукативен и развоен центар „Сивус“ – м-р Ирена Чаушевска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top