Вистинска експлозија ќе има во април во Скопје кога на гости ќе ни дојдат двата германски гиганти Флензбург и Кил. Вардар ќе игра против Флензбург од 16 до 20 април на гости и една седмица подоцна на домашен терен, а Металург во обратна насока ќе игра со Кил, најпрво дома, а потоа во Германија во реваншот од четврт-финалето во Лигата на шампионите.
Во останатите два двомечи од последната фаза пред фајналфорот во Келн ќе играат и Барселона со Рајнекар Левен и Веспрем со ПСЖ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.