Европската ракометна федерација одлучи да ги награди македонските ракометни клубови Вардар и Металург со директно учество назавршниот турнир во Келн.
ЕХФ, конечно, се разбуди и на 1 април донесе одлука да ги награди двата наши клуба за големиот придонес и развој на ракометот.
„Во Скопје има прекрасна атмосфера на натпреварите на Вардар и на Металург, двата клуба се одлични, прават многу за промоција на ракометната игра и по долго размислување одлучивме да ги наградиме. Сакаме и да се спречи неправедното скандирање против ЕХФ, па како гест на добра волја ќе им понудиме да играат директно на завршниот турнир во Келн. Денеска тие два клуба нема да учествуваат во извлекувањето на двојките за четврт-финалето во Виена“, велат во ЕХФ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.