Тренерот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола, предупреди дека екипата на Манчестер јунајтед има квалитет да го победи неговиот тим во првиот четвр-финален меч од Лигата на шампиони.
И покрај очајните резултати, Гвардиола смета дека Јунајтед не смее да се потцени.
– Јунајтед е еден од најдобрите тимови во светот, без оглед на моменталната ситуација. Тие се еден од најважните клубови во историјата на фудбалот и дефинитивно можат да нѐ победат. Имаат одлични играчи како што се Руни, Гигс, Видиќ, Фердинанд, Велбек и чест ни е што дојдовме на „Олд трафорд“ – изјави Гвардиола.
– Лигата на шампиони не е најважна, тоа е титулата во домашното првенство. Лигата на шампиони е работа за престиж. Ќе се обидеме да ја одбраниме титулата, но ќе биде тешко – додаде Гвардиола.
Натпреварот Јунајтед – Баерн Минхен ќе се одигра вечерва во 20.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.