Кога се зборува за патување по Европа, секогаш на прва помислуваме на Лондон или на Париз како неизбежни дестинации кои мора да се видат. Но, има многу други европски градови, помалку познати или извикани, кои, исто така, се убави и имаат многу работи и знаменитости кои можат да ги понудат за посетителите.
1. Тулуз (Франција)
Кога станува збор за Франција, повеќе туристи се решаваат за Париз или за посета на Азурниот брег. Но, Тулуз дефинитивно треба да биде на листата на оние кои планираат да ја посетат Франција. Можеби не сте знаеле, но овој град беше изгласан за најдобар град за живеење во цела Франција. Со многу атрактивна историја и уметнички галерии, Тулуз е совршен за патување.
2. Неапол
Неапол е вистинско место ако сте во потрага за вистински италијански шмек кој во овој град е присутен на секој чекор. Освен уметност и историски знаменитости, во Неапол ќе се најадате и ќе се напиете боговски. Италијанските вина се ценети секаде во светот, а во Неапол може да ги најдете по поволни цени.
3. Аликанте (Шпанија)
Неоправдано запоставен, Аликанте е вистински медитерански град кој ќе го воодушеви секој што ќе дојде да го посети. Космополитски град, одлични ресторани и сончево време се само неколку причини поради кои би го посетиле Аликанте.
4. Берн (Швајцарија)
Главниот град на Швајцарија, Берн е во сенка на повеќе познатите Женева и Цирих. Но, овој прекрасен град на брегот на реката Аре е еден од најубавите во светот. Неговиот средновековен дел е влезен во листата на УНЕСКО за заштита на светското наследство.
5. Цорк (Ирска)
Можеби поради локацијата, Цорк се наоѓа на крајот на Ирска, овој втор град по големина во Ирска е помалку познат во пошироката јавност. Цорк е многу жив град, во кој е видлив типичниот ирски начин на живот.
Дрезден (Германија)
Берлин не е единствениот „кул“ град во Германија иако, можеби, е најпознат. Дрезден е многу компактен, и со својата барокна архитектура и мноштво галерии е навистина прекрасен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европа го освои „Лејвер купот“ (Видео)
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија ќе оди напред во ЕУ и во НАТО, но без Заев
-
Студен бран од Сибир ја зафати Европа: Неверојатно ниски температури во Франција, Италија, Полска, тројца починаа од студ (фото)
-
Во Австралија беснее грип поопасен од свинскиот – се шири и кон Европа