| четврток, 6 декември 2018 |

Сандерленд сѐ поблиску до Чемпионшип

Фудбалерите на Вест Хем на гости ја совладаа екипата на Сандерленд со резултат 2-1 во последниот натпревар од 32. коло во Премиер-лигата.

Натпреварот го обележи Енди Керол, кој во 9. минута ги донесе гостите во водство, а потоа во 50. минута му асистираше на Дијаме за вториот гол. Единствениот погодок за домаќините го постигна Џонсон во 65. минута од натпреварот и со тоа го постави конечниот резултат.

Вест Хем е на 11. позиција на табелата со 37 бода, додека Сандерленд е во сѐ потешка ситуација, со 25 бода се наоѓа на претпоследното место на табелата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top