| четврток, 6 декември 2018 |

Нов пресврт во истрагата: Последните зборови од авионот не биле „Во ред, добра ноќ“, туку…

malezija_boeing_pi_649122S1

Изненадувањата и пресвртите со мистериозното исчезнување на „боингот 777“ на „Малезија ерлајнс“ немаат крај. Во целата низа нелогичности вчера се случи уште еден. Малезиските власти соопштија дека последните зборови од кокпитот на исчезнатиот авион не биле „Во ред, добра ноќ“ како што досега се тврдеше.

Според новата верзија, последната реченица искажана од пилотската кабина кон контролата на летање била: „Добра ноќ, Малезијан 370“.

Не е јасно како воопшто можело да дојде до таков пропуст на властите и дури сега да ги откријат последните зборови.

Малезискиот оддел за цивилно воздухопловство само кратко информираше:

– Сакаме да потврдиме дека последниот разговор според транскриптот бил меѓу контролата на летот и кокпитот во 1.19 часот, а реченицата гласи: „Добра ноќ, Малезијан 370“. Властите и понатаму вршат форензичка истрага за да утврдат дали последните зборови се на пилотот или на копилотот – се вели во соопштението.

Малезијците не го објасниле контекстот на реченицата, која во случај да се испостави дека е вистинита и дека авионот е урнат намерно, може да се протолкува како последен поздрав со самиот авион, а не како поздрав на контролата на летање со вообичаената идентификација.

Привремениот малезиски министер за сообраќај им наредил на истражните органи да го дадат на увид на јавноста целиот транскрипт од последните минути на разговор. Тоа ќе биде направено откако за сето тоа ќе бидат информирани прво семејствата на патниците и посадата.
По остатоците од авионот сѐ уште трагаат дваесетина бродови и авиони, но досега не е пронајден ниту еден објект или остатоци од „боингот“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top