| четврток, 6 декември 2018 |

Новиот папа може да биде избран и пред 15 март

Изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква може да се одржи и пред 15 март, ако во Рим до тогаш пристигнат доволен број кардинали, најавија од Ватикан.

Оттаму велат дека правилата со кои се уредуваат роковите за избор на наследник на Бенедикт XVI може различно да се толкуваат поради околностите под кои папата се повлече од функцијата, но ако има услови, изборот би се одржал и порано од предвидениот.

Од 117 кардинали во советот, 62 се од Европа, од Јужна Америка доаѓаат 19, од Северна Америка 14, од Африка и Азија по 11, а еден од Океанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top