| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: СДСМ ги потценува граѓаните, Радмила и Заев ли се нови лица?

gruevski-struga-123

Ѓорѓе Иванов не се занимаваше со ударите кои доаѓаа од страна. Вие сте сведоци колку обиди за негова дестабилизација имаше, колку сакаа да го скренат од правилниот пат. Претрпе многу навреди и клевети, а остана стабилен и смирен. Таков човек и треба на Македонија.

Оваа порака за испрати премиерот Никола Груевски на митингот кој вечерва се одржа во Струмица за промоција на Иванов за кандидат за претседател.

-Од другата страна имаме луѓе кои до денес се обидуваа со различни навреди, лаги и омаловажувања да го оттргнат вниманието на граѓаните од она што е суштинско за еден претседател. Има и намера таа група на луѓе да ни биде претставена како нови лица. Верувам дека и на нив не им се верува во тоа кога кажуваат дека се нови лица. Па сите тие се 20 години во политиката. Тие беа потпретседатели на владата и партијата на Бранко, негови главни советници, членови и шефови на ДИК, ги аминуваа сите негови одлуки.Радмила ли е ново лице? Се сеќавам бев студент уште се занимавав со моите студии, веројатно и таа тоа време го правеше , но веќе беше на билборди како политичар, како член на раководството на партијата. Па помина многу работи заедно со Бранко, ги поддржуваше неговите политики јавно, се бореше со него за приватизацијата која остави 200.000 граѓани без работа. Таа беше мој против кандидат на изборите во 2006-тата, потоа кандидат за премиер во 2008-ма. Па Заев водич на кампањата на СДСМ во 2009-та и за претседателски и за локални. Па дојдоа изборите во 2011-та кога Радмила повторно беше кандидат за премиер. На изборите во 2013-та година истите луѓе активно партиципираа, истакна Груевски.

Премиерот им порача на СДСМ дека треба да престанат да го потценуваат народот затоа што граѓаните тоа нема да го простат и ќе ги казнат на избори.

– Од каде тие се нови лица, зошто го потценуваат народот, зошто мислат дека народот не се сеќава. Тоа е сериозно потценување на македонскиот народ што убеден сум дека тоа нема да им го прости и уште еднаш ќе ги казни на избори.Во 2002-ра тие ракоплескаа на ветувањата на Бранко за „по еден вработен од секое семејство“ . Заев кој е амнестиран за 8 милиони евра криминал и кој говореше дека ќе јаде живи луѓе, ќе пука, ќе брка луѓе од работа од чистачка до директор ако не се од СДСМ, тој треба на овие избори да ни биде продаден како ново лице. Шекеринска во цела кариера нема ни еден проект. Или па оној Стојко Пауновски кој бараше намалување на социјалната помош и пензиите. Петре Шилегов ли го претставуваат како ново лице, па човекот не знае од 2004-та до 2006-таколку тендери одобрил за Бранко Црвенковски, истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top