| четврток, 6 декември 2018 |

Путин и Меркел разговараа за Украина

Рускиот претседател Владимир Путин денеска разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел за ситуацијата во Украина, вклучително и за меѓународните напори за обновување на стабилноста, соопшти Кремљ

– Важно е во Украина да бидат извршени уставни реформи кои овозможуваат заштита на законските интереси на сите региони во Украина, се наведува во соопштението за телефонскиот разговор инициран од рускиот претседател.

Путин за Придњестровје укажа на наопходноста за донесување на ефикасни мерки чија цел е завршување на фактичката надворешна блокада на тој регион и барање на праведно и сеопфатно решение за проблемот.

Од кабинетот на германската канцеларка потврдија дека двајцата лидери ги разгледувале можните чекори за стабилизација на Украина и Придњестровје.

Во соопштението се истакнува и дека Путин ја известил Меркел за делумно повлекување на руските трупи од границата со Украина.

Отцепениот регион Придњестровје, во кој поголемиот број од населението зборува руски јазик, се наоѓа во делот на молдавската источна граница кон Украина.

Властите од Придњестровје во текот на месецот апелираа до пратениците во руската Дума да изгласаат законски акти со кои регионот би се припоил кон Русија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top