Утре во најголемиот шопинг центар во регионотќе се одржи вториот „Mask’n’Mall“ во Република Македонија, наменет за сите оние кои ќе се маскираат за Денот на шегата. За комплетното прво априлско лудило. „Ситимол“ креираше програма која е наменета за сите генерации и возрасти, а за најкреативните маски, следат многу вредни награди.
– Со гордост го најавуваме настанот кој ќе го одбележи годинешниот Ден на шегата, уникатниот „Mask’n’Mall“. Знаејќи дека сите генерации, почнувајќи од учениците во основните училишта па се до возрасните, сакаат да ја искористат својата креативност и да се маскираат, одлучивме да создадеме целодневна програма која ќе им овозможи на сите возрасни групи кои не посетуваат, да се пронајдат во дел од понудата и да се забавуваат. „Mask’n’Mall“ има за цел сите да Ве расположи, насмее и да Ви oвозможи супер забава во текот на целиот ден – изјави Дарко Панчевски, претставник на маркетинг секторот на „Ситимол“.
Овогодинешниот „Mask’n’Mal“l ќе започне со дефиле на маски од награден карактер наменет за деца од 6 до 14 години. Стручна жири комисија ќе ги избере најдобрите маски, а за истите се предвидени вредни награди. Овој настан ќе се одржи во две етапи, и тоа од 10:00 до 12:00 часот и 13:00 до 15:00 часот. Од 18:00 часот ќе започне првата тинејџерска журка под маски наменета за младите од 13 до 18 години. Забавата ќе се одржи во Cineplexx, каде пред нејзиното започнување, од 15:00 часот ќе биде организирана филмска проекција по намалени цени. За оние над 18 години кои имаат желба да се забавуваат под маски, кафулињата во Skopje City Mall организираат afterwork забави под маски, со специјални изненадувања за сите присутни. Овие забави ќе започнат во 18:00 часот и ќе траат се до затворање на молот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.