| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент кај „Сити мол“ – момче и девојка избегнале напад со палки и со ножеви

Вчеравечер во 23.20 часот во ПС Карпош, Д.Б. (19) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22.25 часот, додека управувал „форд ескорд“ со скопски регистарски ознаки, од страна на неколку непознати лица имало обид за насилство врз него.

Во наведеното време, додека го управувал возилото, во кое на задното седиште како сопатник била Н.Н. (18) од нас. Нерези – Скопје, забележал како зад него се движи  „форд ескорд“ со тетовски регистарски ознаки од кој му биле давани светлосни сигнали. Кога пристигнал во близина на трговскиот центар „Сити мол“, бил престигнат од возилото, кое му го блокирало патот. Од возилото излегле неколку непознати лица. Возачот, држејќи нож во раката, се обидел да ја отвори возачката врата, додека пак друго лице, држејќи дрвена палка во рацете, се обидело да ги отвори другите врати од автомобилот на Д.Б.. Во еден момент Д.Б. успеал да избега со возилото.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top