-Често ќе видите луѓе кои како индивидуалци се брилијантни, одлични се, врвни експерти во својата струка, ќе ве воодушеват со начинот на кој зборат и работат, но луѓе кои слабо се снаоѓаат во тим. Овде имаме човек кој покажа што значи да се работи во тим, тим кој ја води државата. Тим предводен од ВМРО-ДПМНЕ, каде е Коалицијата „За подобра Македонија“. На врвот се Иванов и Груевски, кои го даваат тонот каде се движи државата. Погледнете го било кој аспект од живеењето на било кој човек. Не постои човек кој во изминатите 5 години, не почувствувал реално подобрување во сопствениот живот, истакна Пешевски.
Тој меѓудругото посочи и дека како ретко кој друг досега, Иванов покажа што значи да се грижиш за Армијата и како да се работи за својот народ и земја. Вицепремиерот порача- Нашата мисија е да ги решаваме проблемите на народот.

-Ние знаеме дека да му се решат сите проблеми на народот е речиси невозможна мисија. Но, тоа е мисија за која ние се зафаќаме. Каде и да погледнете, дали се работи за земјоделци, стечајци, невработени, деца без родители, самохрани родители, во било која група ќе најдете мерки, политики, закони или нешто слично направено од овој тим кој придонел во еден сегмент на живеењето да биде полесна живеачката. Тоа е тимот на ВМРО-ДПМНЕ, тимот на Груевски и Иванов. На овој тим му падна да ги решаваме тешките проблеми на државата, но ние не се плашиме. Знаеме и ги решаваме. И така ќе се продолжи во иднина, рече Пешевски.
Тој одговори и на одредени обвинувања за тоа зошто лично Пешевски застанува на говорница на митинзите на Иванов.
-Велат дека претседателот нема надлежности во економијата, но Иванов го предлага гувернерот на НБРМ, најодговорна функција за одржување на макроекономската стабилност во државата. За разлика од претходните претседатели кои именувале луѓе политички фигури, Иванов не подлегна под политички притисоци, туку одбра најдобар професионалец за таа функција.Македонија на полето на макроекономијата бележи одлични резултати, тоа го велат најрелевантните институции од светот, истакна тој.
Додека Груевски и Иванов ја водат државата, рече тој, не постои човек кој не почувствувал позитивни промени во било кој аспект од живеењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


