Домагој Дувњак нема да има можност да ја брани титулата со Хамбург во Лигата на шампионите во ракоемт, а најдобриот ракометар за 2013 година, џентлменски во интервју за официјалната страница на ЕХФ го призан поразот и елиминацијата.
– Морам да кажам, Респект за Вардар, го заслужија пласманот во четвртфиналето. Очекувавме два тешки дуели, но по ремито во Скопје сметавме дека сме блиску до пласман меѓу осумте најдобри екипи. Сепак не успеавме да оствариме една од главните задачи, да се пласираме на фајналфор турнирот во Келн- вели Дувњак.
За хрватскиот бомбардер сега во ваков состав од 8 екипи, Барселона е главен фаворит за освојување на титулата.
-Имаат страшна екипа, засилена со Кирил Лазаров и со Карабатиќ. Тие се прв фаворит според мене, но знаеме како заврши ланското издание на Лигата на шампионите. Тогаш ние не бевме меѓу фаворитите, а сепак ја донесовме титулата во Хамбург- вели Дувњак.
Комплетното интервју можете да го прочитате на овој линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


