Напаѓачот на Баерн, Марио Манџукиќ, најверојатно, од следната сезона ќе го носи дресот на Јувентус бидејќи двата клуба веќе постигнале договор за негов трансфер, открива „Тутоспорт“.
Како што пренесува магазинот, Јувентус е подготвен да плати меѓу 20 и 25 милиони евра за хрватскиот репрезентативец, а Манџукиќ ќе има годишна плата од 3 милиони евра.
Доколку ова е вистина, Баерн Минхен ќе го продаде својот најдобар напаѓач, кој постигна 17 гола и моментално е најдобар во Бундес-лигата, меѓутоа веќе е подготвена замена бидејќи во јуни на „Алијанц арена“ доаѓа Роберт Левандовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


