
Петтмина македонски илустратори и графички дизајнери во соработка со Моден викенд Скопје креираа капсулна колекција маици. Инспирирани од „природата која не е само зелена“, Иван Петрушевски, Емилија Мишева, Ружица Трпковска, Јован Петрушевски и Бојан Кртолица кои своето видување за „современата“ природа која не е само зелена , го пренесоа на шест маички од познатата марка „Фрут оф д лум“ (Fruit of the Loom). Капсулната колекција е произведена во ограничен број, ќе биде во продажба од денес до 7 април во концептуалното кафуле „Концепт 37“ во Скопје.
Официјален парфем партнер на Моден викенд Скопје 9 е „Живанши“ – „Вистински џентлмен – секогаш и секаде“.
Над 3.000 пластични шишиња вода се употребуваат секоја сезона за време на Моден викенд Скопје. Од тие причини, за големиот број пасионирани модни вљубеници „Пелистерка“, „Пакомак“ и Модна недела Скопје одлучија оваа сезона сите посетители да конзумираат вода во хартиени чаши кои ќе бидат произведени од рециклирани материјали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


