| четврток, 6 декември 2018 |

Дивна Пешиќ стана мајка

Македонската шампионка во стрелање и ликовен уметник Дивна Пешиќ, која веќе една година живее во САД, со нејзиниот свршеник Блаже Грозданов пред два дена го добија своето прво дете, синот Стефан.

– Сè помина во најдобар ред и мојата радост е неизмерна, Нашиот син се вика Стефан и името го доби по свекор ми, Стефан Грозданов. Тежок е 3.300 грама, долг е 54 сантиметри. И Блаже присуствуваше на породувањето и сè уште е многу возбуден од настанот. Раѓањето на Стефан е најубавиот момент во мојот живот, и најсреќна сум што го добив од најдобриот и најсакан сопруг на светот. Тој и Блаже се моите највредни трофеи во животот! Нашите најблиски во Кавадарци веќе се подготвуваат за мекици, а ние ќе прославиме со пријателите и со роднините што живеат овде, во Америка. Мојата сестра Катерина, која живее во Германија, заедно со зет ми и со внуките, ќе дојде наредната недела, нестрпливи се да го видат бебето – изјави Дивна за „Вест“.

divna pesic

Дивна се породила во приватната болница „Чилтон“ во Помптон Плеинс во Њу Џерси. Таму живее со нејзиниот свршеник Блаже, кој по потекло е од Кавадарци и работи како супервизор во градежна компанија. Тие се свршија лани во април.

– Решивме свадбата да почека поради мојата бременост, па сега можам со задоволство да кажам дека и син ми ќе се весели на нашата свадба – вели Дивна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top