Металург демонстрираше моќ и на теренот на Колдинг, а збунетите Данци се простија од настапите во Лигата на шампионите со два порази и замрзнати на минус 10 гола разлика.
Головите на Вугринец и на Атман беа ремек-дела, но еден момент ќе остане посебно во меморијата на навивачите на Металург. Вицешампионот на Македонија е со играч помалку на теренот, Дарко Станиќ сигурно брани и фрла прецизна контра кон Дејан Манасков, а крилото на Металург во скок погодува од тешка позиција. И нормално коментаторот на ЕХФ ТВ, возбудено коментира со зборовите „ова е брилијантно“.
И навистина вреди да се погледне еден од најубавите голови сезонава во копродукција на Станиќ и на Манасков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)