Македонското и француското Министерство за внатрешни работи денеска почнаа тридневна специјалистичката обука за борба против трговијата со фалсификувани медикаменти во Центарот за обука при МВР во Идризово.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, истакна дека обуката ќе внесе нов квалитет во работењето на службите, посочувајќи дека се забележуваат сѐ почести обиди за пренесување фалсификувани медикаменти во Македонија, најчесто од Косово.
– Во 2013 година се запленети 719 разни пакувања на лекови без бандероли од Косово, додека во 2012 се запленети 3.952 таблети спакувани на најразлични начини – истакна Јанкулоска.
Француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Оер, нагласи дека меѓу двете министерства за внатрешни работи има одлична соработка и на годишно ниво се реализираат околу десет обуки.
– Целта на оваа обука е да се дадат што повеќе оперативни насоки на македонските институции на ова поле – додаде амбасадорката.
Таа истакна дека во Франција трговијата со фалсификувани медикаменти е во пораст.
Обуката, која ќе трае три дена, ќе ја посетуваат претставници од МВР, Министерството за правда, Министерството за здравство, како и претставници од Царинската управа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Затворениците во „Идризово“ предизвикале пожар и поплава за да не им ги земат телефоните
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи